Достапни линкови

Песков: Фиктивен хемиски напад не може да е изговор за напад врз Сирија


Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека „фиктивна тема“ како користењето хемиско оружје во Сирија не може да биде изговор за напад врз таа земја. Тој додаде дека Москва не сака да биде „учесник на твитер дипломатија“. На таков начин тој одговори на пораките на претседателот на САД Доналд Трамп кој на Твитер напиша „Русија вети дека ќе ги собори сите ракети истрелани врз Сирја. Подгответе се Русијо, бидејќи ќе дојдат убави, нови и паметни ракети“. САД и сојузниците и се заканија на Сирија поради хемискиот напад во источна Гута што Дамаск и Москва го негираат.

XS
SM
MD
LG