Достапни линкови

Собранието не изгласа недоверба на Владата


По целодневна дебата, со 40 гласови за и 62 против, Собранието не ѝ изгласа недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев.

Вкупно гласаа 104 пратеници, од 107 присутни. Воздржани беа двајца пратеници.

Иницијативата за интерпелација на Владата ја поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ со потписи од 40 пратеници.

На гласањето му претходеше долга дебата со обвинувања и критики од опозицијата за „расипништво, криминал и продавање на државата“, како и контраобвинувања од пратениците од власта „дека тешко се поправа она што некој цела деценија душмански го уништувал“.

XS
SM
MD
LG