Достапни линкови

САД прават план за напад на Сирија, Русија ќе распоредува воена полиција


Тенк на сириската армија патролира низ градот Дума

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис денеска изјави дека е подготвен да му достави на претседателот Доналд Трамп план за воена акција во Сирија.

Се уште анализираме податоци на разузнавањето и на нашите сојузници, се уште работиме на тоа. Подготвени сме да обезбедиме воени опции ако тоа е прифатливо за претседателот, изјави Матис.

Паралелно со тоа, Москва најави дека од утре ќе поставува воена полиција во градот Дума, каде војската на сирискиот режим го извршила хемискиот напад.

Од утре, единици на руската воена полиција ќе бидат донесени во Дума со цел сигурност и обезбедување на законот и редот, како и за организирање помош за локалното население, изјави високиот руски офицер Виктор Пожникир на брифинг во Москва.

XS
SM
MD
LG