Жестока интерпелација, Скопје со А0 зона, Зоврива во Сирија, Авионска несреќа во Алжир...
Настаните на денот низ фотографии - 11 април 2018 година.
1МАКЕДОНИЈА - Единствено што не успеавме досега да го исполниме, согласно прецизните ветувања, е затоа што не можевме да предвидиме колку е заробена државата, колку е финансиски урнисана, колку е душмански ограбена, рече во Собранието премиерот Зоран Заев како одговор на аргументите на опозицијата за поднесената интерпелација за неговата влада.
2МАКЕДОНИЈА - Советот на Град Скопје донесе одлука за воведување на А0 зона за паркирање во главниот град. Паркирањето во таа зона ќе чини 100 денари за првиот час, а секој нареден час по 50 денари, стои во Одлуката за дополнување на Ценовникот на ЈП Градски паркинг.
3МАКЕДОНИЈА - Управата за финансиска полиција во врска со задржувањето на владиката Петар на Меѓународниот аеродром Скопје соопшти дека има одредени сознанија, но бидејќи се работи за предмет кој, како што наведува, е во предистражна постапка не е во можност да сподели информации со јавноста. Претходно, владиката Петар и самиот потврди дека бил задржан кусо време.
4МАКЕДОНИЈА - Скопска Апелација го потврдила решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков останува во притвор. Одбиена му е и понудата за гаранција за да се брани од слобода.