Достапни линкови

Бејли: Враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието е важно за демократијата


Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли вечерва оцени дека е многу важно што ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Парламентот, како водечка опозициска партија.

Силна, активна опозиција во Парламент која ќе разговара за закони е клучно за една демократија, посебно за една европска демократија, изјави Бејли во интервју за ТВ24.

Амбасадорот се осврна и на реформскиот процес во Македонија и нагласи дека „не е важно само да се изгласа некој закон, туку треба да се смени функционирањето на институциите и функционирањето на луѓето“.

XS
SM
MD
LG