Достапни линкови

Скопје добива А0 зона за паркирање, 100 денари за првиот час


Советот на Град Скопје донесе одлука за воведување на А0 зона за паркирање во главниот град.

Паркирањето во таа зона ќе чини 100 денари за првиот час, а секој нареден час по 50 денари, стои во Одлуката за дополнување на Ценовникот на ЈП „Градски паркинг“.

Одлуката е на предлог на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, а ќе стапи во сила веднаш по објавувањето.

ЈП „Градски паркинг“ досега немаше А0 зона за паркирање.

XS
SM
MD
LG