Достапни линкови

Генерал Познихир: Хемискиот напад во Сирија е провокација на „белите шлемови“


Илустрации од реконструкцијата на хемискиот напад во Дума

Хемискиот напад врз цивили во сирискиот град Дума бил специјално изведен пред видео-камери од страна на претставници на Белите шлемови, изјави денеска во Москва заменик - началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, генерал Виктор Познихир.

Тој нагласи дека „белите шлемови“ глумеле хемиски напад пред камери.

На 7 април беше преземен веројатно последниот обид за фабрикување лажни сведочења за отровни супстанци кои наводно ги користеле сириските власти во источна Гута. Белите шлемови повторно пред камери имитираа хемиски напад врз цивили во Дума, изјави Познихир.

XS
SM
MD
LG