Достапни линкови

Чавков останува во притвор, одбиено барањето за гаранција


Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков

Скопска Апелација го потврдила решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков останува во притвор, објави МИА.

Од Апелацискиот суд за МИА изјавиле дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање на Чавков да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно.

Чавков заедно со уште четири лица беа вратени во притвор на 28 март со одлука на Кривичниот суд, еден ден откако Врховниот суд ги пушти од Истражниот затвор Шутка во куќен притвор.

XS
SM
MD
LG