Достапни линкови

Медведев очекува Русија да се справи со притисокот од санкциите на САД


Рускиот премиер Дмитри Медведев за време на денешното обраќање пред пратениците

Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави денеска дека неговата земја ќе се справи со последиците од последната рунда на санкции од страна на САД во услови кога вредноста на рубљата паѓа трет ден по ред.

Тој за време на традиционалното обраќање во долниот дом на Парламентот порача дека Русија научила како да се носи со притисокот. На крајот на денот, според него, ќе ги претворат санкциите во корист за нивната економија. Но, како што посочи Медведев, нема да заборават кој ја туркал антируската политика.

XS
SM
MD
LG