Достапни линкови

Ѕанакопулос: Постојат политички предуслови, но и доста пат до решение за името


Знамиња на Грција, Македонија и Европска унија

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос изрази уверување дека постојат политички предуслови и политичка волја за решение за спорот за името.

Но, тој во интервју за грчкото радио „Њуз247“ порача и дека за време на преговорите ќе треба да се изоди уште доста пат, бидејќи од страна на грчката Влада била поставена една конкретна рамка во која е можно да има договор. Ѕанакопулос повтори и дека доколку се постигне договор, „грчката влада ќе побара и ќе се стреми кон најширок можен парламентарен консензус“.

XS
SM
MD
LG