Достапни линкови

Димитров изрази надеж за напредок во разговорите за името


Прес-конференција на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Скопје на 23 март, годинава

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска изрази надеж дека на утрешната средба со неговиот грчки колега Никос Коѕијас во Охрид ќе биде постигнат напредок во решавањето на спорот за името.

Тој по средбата со украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин посочи дека прашањето е толку важно што по дефиниција сите рунди разговори се тешки и очекува темелни разговори.

„Се надевам на прогрес. Мислам дека однесувањето и на Република Македонија и на нашите соседи од Грција во однос на процесот сигнализира дека процесот е во една деликатна фаза и фокусирани сме токму на овие разговори и се надевам дека ќе ни помогне што оваа рунда се одржува токму во Охрид и духот на тој наш бисер се надевам дека ќе ни помогне“, истакна Димитров.

XS
SM
MD
LG