Достапни линкови

Започна расправата за доверба на Владата


Собрание на РМ

Во Собранието започна 42та седница, на која единствена точка на дневниот ред е прашањето за доверба на Владата што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев кој го образложува барањето рече дека тоа било со една цел, да ги изнесат сите факти и аргументи зошто, како што посочи, Владата која е недемократска, неспособна, неработлива и најкриминална во историјата на Македонија треба да биде минато.

„Тоа не го зборувам јас и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ туку и граѓаните на Република Македонија. Оваа Влада покажа и докажа дека нема капацитет за водење институции од извршна власт. Наместо да се зафати со решавање на проблеми на граѓаните вие работите исклучиво за партиски и лични интереси“, рече Данев.

Расправата на оваа тема треба да трае до полноќ, кога би се реализирало гласањето. За евентуално изгласување недоверба на кабинетот на Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ треба да обезбеди минимум 61 глас. Со расправата за интерпелацијата против Владата, опозицијата се враќа во работата на парламентот, по скоро пет месеци бојкот.

XS
SM
MD
LG