Претседателот Ѓорге Иванов е во посета на Турција каде ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит. Предвидено е Иванов да има обраќање на свеченото отворање, како и на претседателската сесија на самитот којшто годинава се одржува на тема „Дилемата на нашиот век: Технологија наспроти политика“.
За време на престојот во Истанбул, Иванов ќе се обрати и на средбата со претставници на Стопанската комора на Македонија и турски бизнисмени.