Достапни линкови

Денеска расправа за доверба на владата


Седница на Собранието на Македонија

За денеска со почеток во 11 часот претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери ја закажа 42 седница, на која единствена точка на дневниот ред е прашањето за доверба на Владата што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Расправата на оваа тема треба да трае до полноќ, кога би се реализирало гласањето. За евентуално изгласување недоверба на кабинетот на Зоран Заев ВМРО-ДПМНЕ треба да обезбеди минимум 61 глас. Со расправата за интерпелацијата против Владата, опозицијата се враќа во работата на парламентот, по скоро пет месеци бојкот. Вчера беа одложени пленарните седници за утре, кога се очекува ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во донесувањето на реформските закони од областа на правосудството и безбедносниот сектор. Тие треба да бидат изгласани до крајот на неделава, односно пред објавувањето на извештајот на Европската комисија за Македонија.

XS
SM
MD
LG