Достапни линкови

Закерберг: Фејсбук во „вооружена трка“ со руски групи


Шефот на Фејбук Марк Закерберг

Шефот на Фејбук Марк Закерберг на сведочењето во сенатскиот Комиет за трговија и правда изјави дека компанијата е во своевидна „вооружена трка“ против групи спонзорирани од Русија кои се обидуваат да ја искористат оваа социјална мрежа за манипулирање избори и за влијание врз јавното мислење. „Има луѓе во Русија чија работа е да ги експлоатираат нашите и другите интернет системи“, изјави тој, констатирајќи дека станува збор за вистинска трка во вооружување. Фејсбук планира да вработи над 20 илјади луѓе до крајот на годинава кои ќе бидат ангажирани врз отстранувањето на ваквите појави. Закерберг изрази жалење поради тоа што Фејсбук бил бавен во идентификувањето на руските информациски операции за време на претседателската кампања во САД во 2016 година.

XS
SM
MD
LG