Достапни линкови

Закерберг се извини поради скандалот со податоците


Извршениот директор на Фејсбук Марк Закерберг

Извршениот директор на Фејсбук Марк Закерберг призна дека неговата компанија била пребавна во реагирањето на руското мешање во американските избори и се извини за скандалот со приватните податоци на корисниците кои биле собирани без нивна согласност. „Го основав Фејбук, управувам со него и јас сум одговорен за она што се случува“, наведе тој во изјавата што ја прочита пред Комитетот за енергетика и трговија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Закерберг денеска ќе сведочи пред надзорниот комитет на Сенатот.

XS
SM
MD
LG