Достапни линкови

Илјадници Чеси протестираа против премиерот во оставка Бабиш


Илјадници Чеси протестираа во Прага

Илјадници Чеси синоќа протестираа во Прага и во 20 други градови во Чешка барајќи новата влада да ја формира некој друг, а не премиерот во оставка милијардерот Андреј Бабиш кој е под кривична истрага за злоупотреба на европските донации. Тој исто така е обвинет дека бил агент на поранешната чехословачка комунистичка тајна полиција. Протестите се организирани како поддршка на петицијата „За пристоен премиер и пристојна влада“. Чесите протестираа и против претседателот Милош Земан кој изјави дека не му пречи кривичната истрага против Бабиш.

XS
SM
MD
LG