Достапни линкови

Најмалку 30 загинати откако автобус паднал во клисура во Индија


Илустрација.

Најмалку 30 луѓе, вклучително 27 деца, денеска загинаа во северна Индија, кога школски автобус паднал во длабока клисура во подножјето на Химелаите. Полицијата соопшти дека автобусот ги превезувлал младите ученици дома, во државата Химачал Прадеш, а несреќата се случла на 325 километри од главниот град на државата Шимла.

Високиот полициски службеник Сантош Патиал изјави дека автобусот се превртел во клисура длабока 60 метри, додавајќи возачот и двајца наставници се исто така загинати. Повеќето од учениците биле меѓу 10 и 12 годишна возраст, а 12 ученици спасени од автобусот биле пренесени во болница, повеќето во критична состојба, рече еПатиал.

XS
SM
MD
LG