Достапни линкови

Медведев побара контра мерки за санкциите на САД


Рускиот премиер Дмитри Медведев

Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави денеска дека последните санкции од САД врз земјата се неприфатливи и нелегитимни. Тој и наредил на Владата да подготви одговор на санкциите и мерки за погодените руски компании.

САД пред три дена воведоа санкции за 24 Руси меѓу кои има владини претставници и олигарси, како и за 14 компании, поради активности на земјата за поткопување на западните демократии.

XS
SM
MD
LG