Достапни линкови

Протераните американски дипломати ја напуштаат Русија


Илустрација

Американските дипломати кои се протерани од Русија поради случајот Скрипал денеска ја напуштија амбасадата во Москва. Русија протера 60 американски дипломати и нареди затворање на конзулатот на САД во Сенкт Петерсбург.

Таквиот чекор на Русија е одговор на протерувањето на истиот број на руски дипломати од САД и затворање на конзулатот во Сиетл. САД, земји членки на ЕУ и НАТО протераа руски дипломати како резултат на труењето со нервен гас на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во британскиот град Салсбери.

XS
SM
MD
LG