Достапни линкови

Хаменеи против затоплување на односите на Саудиска Арабија и Израел


Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи изјави дека ќе биде „непростлива грешка“ да се преговара со Израел, неколку дена откако принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман за прв пат порача дека Израелците имаат право да живеат мирно на нивната земја.

Хаменеи иако конкретно не упати критика за принцот тој стави на знаење дека Иран се противи на затоплување на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија. „Остварување напредок во преговори со угнетувачки режим кој лаже и мами е голема грешка која ќе ја поткопа победата на луѓето од Палестина“, рече Хаменеи.

XS
SM
MD
LG