Достапни линкови

Грција распоредува војници на егејските острови


Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос наредил распоредување на дополнителен број војници на островите во источниот дел на Егејското Море и во реоните долж копнената граница со Турција, во услови на зголемени тензии меѓу Атина и Анкара. Каменос најави дека на островите и во реонот на реката Марица ќе бидат распоредени дополнителни 7.000 војници. „Доколку се обидат да оспорат и една педа од нашата територија, ние Грците ќе ги уништиме обединети“, изјави Каменос во обраќање пред учесниците на воената вежба на грчката армија на островот Икарија. Според Каменос, целиот грчки народ мора да биде внимателен поради „непријателот кој продолжува да провоцира“.

XS
SM
MD
LG