Достапни линкови

Американските војници ќе останат малку подолго во Сирија


Американски војници во западна Сирија, 04.04.2018

Висок претставник на американската администрација вели дека претседателот на САД Доналд Трамп за време на состанокот со тимот за национална безбедност се согласил да ги остави американските војници во Сирија "малку подолго", но дека не сака долготрајно воено присуство таму. Високиот претставник денеска за агенцијата Ројтерс рекол дека Трамп сака да се осигура дека екстремистичката група Исламска држава таму е поразена и бара другите земји од тој регион да помогнат да се осигура стабилноста на Сирија.

Во меѓувреме секретарката за односи со јавноста на Белата куќа Сара Сандерс денеска соопшти дека продолжувањето на американското воено присуство во Сирија нема да биде долгорочно и ја опиша ИД како речиси целосно уништена.

Претходно Трамп изјави дека сака да ги повлече војниците од Сирија и додаде дека многу набрзо ќе донесе одлука за тоа. „Нашата мисија во Сирија беше да се ослободиме од Исламската држава и тоа скоро го завршивме. Многу брзо ќе онесеме одлука за натамошните чекори во координација со другите во регионот“, изјави Трамп.

XS
SM
MD
LG