Достапни линкови

Ердоган, Путин и Рохани се согласија на соработка за Сирија


Анкара-претседателите на Иран, Турција и Русија по средбата, 04.04.2018

Претседателите на Турција, Русија и Иран денеска на состанокот во Анкара се заложија да соработуваат со цел постигнување на траен прекин на огнот во Сирија.

Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани ја потврдија „решителноста за активна соработка поради траен прекин на огнот помеѓу завојуваните страни“ се наведува во соопштението.

Претседателите на трите земји, како што пишува, се договориле и за што поскоро постигнување мир на теренот, заштита на цивилите во зоните без конфликти и брзо доставување хуманитарна помош во нив.

XS
SM
MD
LG