Достапни линкови

Албанија- дел од демонстрантите против патарините во притвор


Тирана- полиција го обезбедуваше судот за време на рочиштето, 04.04.2018

Во тензична атмосфера во и надвор од објектот, Судот во Тирана денеска решаваше за судбината на 23-та приведени учесници во насилните протести во саботата кај тунелот Калимаш, против воведувањето патарина на „Патот на нацијата“.

Како што јави дописникот на МИА, за 11 демонстранти Судот одреди мерка притвор, за двајца домашен притвор, додека останатите беа ослободени со обврска да се јавуваат во полиција.

Додека судијата ја читаше одлуката во судската сала се слушаа извици „срам, срам...“.

Насобранте граѓани и пратеници од опозицијата пред Судот извикуваа „Ослободете ги нашите деца“, „Рама оди си“ и „Уапсете ги владините претставници“.

Дваесет и тројцата, главно жители на северниот град Кукс, беа приведени во неделата, ден по саботните протести, во кои беа повредени 13 полицајци и дваесеттина демонтранти, кои речиси целосно го уништија наплатниот пункт, барајќи укинување на патарината.

Поради опасност редовните протести за ослободување на притворените да излезат од контрола, судската зграда и пошироката околина ги обезбедуваа околу илјада полицајци.

Опозицијата, предводена од Демократската партија, која ги подржува протестите, вчера повика на граѓанска непослушност и најави масовни антивладини протести.

XS
SM
MD
LG