Достапни линкови

Во пожарот во трговски центар во Москва загинал вработен


Трговскиот центар во Москва каде се случи пожарот

Во пожарот во трговскиот центар во Москва загинал еден вработен, а шест лица биле повредени. Според властите, пожарот бил изгаснат, а повредените се пожарникари чиј живот не е во опасност.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Твитер напиша дека пожарникарите херојски реагирале, но за жал вработен во трговскиот центар загинал, при што му изрази сочувство на неговото семејство.

Повеќе од 100 лица беа евакуирани од трговскиот центар за детски производи во источниот дел на Москва откако избувна пожар во просторија за складирање на најгорниот кат.

XS
SM
MD
LG