Достапни линкови

Осуден синот на поранешен претседател на Молдавија


Кирил Лучински

Синот на поранешен претседател на Молдавија, Кирил Лучински е осуден на 5 ипол години затвор под обвинение за корупција, односно перење на пари. Според него, обвинението е политички мотивирано. Судот му изрече и парична казна на Лучински од околу 1600 долари.

Тој беше уапсен во мај, минатата година откако јавно се откажа од неговиот мандат на пратеник. Обвинението врз него се однесуваше на измама од милијарда долари во која беа вмешани три големи банки од земјата. Неговиот татко Петру Лучински беше претседател на Молдавија од 1997 до 2001 година.

XS
SM
MD
LG