Достапни линкови

Трамп сака да ги повлече американските војници од Сирија


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ги повлече војниците од Сирија и додаде дека многу набрзо ќе донесе одлука за тоа. „Нашата мисија во Сирија беше да се ослободиме од Исламската држава и тоа скоро го завршивме. Многу брзо ќе онесеме одлука за натамошните чекори во координација со другите во регионот“, изјави Трамп. Новинската агенција Асошиетед прес јави дека Трамп се пожалил оти САД во последниве години потрошиле на Блискиот исток околу 7 илјади милијради долари без да донесат ништо, освен, како што рекол, „смрт и уништување“.

XS
SM
MD
LG