Достапни линкови

Кинескиот министер за одбрана вели дека посетата на Москва е сигнал за САД


Новиот министер за одбрана на Кина, генерал Веи Венгхе изјави дека своја прва посета во странство ја избрал Русија за да им испрати порака на Соединетите држави за се поблиските врски меѓу Москва и Пекинг. Веи кој на оваа функција дојде во минатиот месец додаде дека посетата која ја почна со разговорите со рускиот министер Сергеј Шојгу ја покажува цврстата решеност на армиите на двете земји да ја зајакнат соработката. Русија и Кина имаат организирано неколку заеднички воени вежби.

XS
SM
MD
LG