Достапни линкови

Мицкоски ќе учествува на лидерската средба за името по Велигден


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, Скопје, 23.03.2018.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека премиерот Зоран Заев и неговата партија се однесуваат егзибиционистички кон спорот со името со Грција, но потврди дека ќе учествува на лидерската средба во врска со ова прашање по Велигден. „Ќе имаме лидерска средба после Велигден и претпоставувам дека на таа средба ќе не информираат како течат преговорите. Но, она што повторно го прави егзибиционистички целиот процес е оној документ кој што Коѕијас го донесе во Македонија на 20 страни. Потоа СДСМ така брзоплето им врати документ на пет страни и тоа го разбрав од медиумите“, рече Мицкоски. Тој исто така оцени дека дека обвинението кое го поднесе Јавно обвинителството за настаните од 27-ми април во Собранието е премногу конфузно и нејасно. Според него, имало индиции дека во истиот тој момент додека траат случувањата во Собранието имало и групирање на терористичка вооружена група во општина Чаир и во неколку други места во Македонија.

XS
SM
MD
LG