Достапни линкови

Жена пукала врз вработени во Јутуб, па се самоубила


Новинар гледа снимка од пукањето во седиштето на Јутјуб.

Жената, за која се верува дека пукала во седиштето на Јутуб во Калифорнија, е пронајдена мртва откако се застрелала, изјави шефот на полицијата на Сан Бруно, Ед Барберини, доцна на 3 април.

Полицијата соопшти дека пред да се самоубие жената ранила тројца или четворица вработени во канцеларијата на Јутуб во близина на Сан Франциско. Повредените биле однесени во блиската болница.

Портпаролот на болницата во Сан Франциско, Брент Ендру, соопшти дека во болницата се примени тројца пациенти. Портпаролот рече дека човек на 36-годишна возраст е во критична состојба, жена која има 32 години е во сериозна состојба, додека третата жена на 27-годишна возраст е во добра состојба. Тој рече дека во болницата се очекуваат повеќе пациенти, но не ја знае нивната состојба.

Вработените во канцеларијата на Јутуб и вработени во околните згради беа евакуирани и излегуваа со рацете кренати во воздух, покажуваат снимките на локалните медиуми. Полицијата вели дека истрагата е во тек и дека безбедносните сили ја расчистуваат зградата.

Во Белата куќа велат дека претседателот Доналд Трамп бил информиран за настанот и дека ја следат ситуација во Сан Бруно.

XS
SM
MD
LG