Достапни линкови

Русија ја поздрави најавата на САД за повлекување од Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го поздрави ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп кој најави повлекување на американските сили од Сирија за брзо време во услови кога милитантите на Исламска држава се веќе поразени.

Според него, Русија во последно време забележала загрижувачки знаци дека американските сили стануваат длабоко вкоренети во регионите источно од реката Еуфрат што неодамна помогнаа тие да бидат ослободени од милитантите. Лавров истакна дека најавата на Трамп покажува оти тој е посветен на претходните ветувања дека САД ќе ја напуштат Сирија по победата врз Исламска држава.

XS
SM
MD
LG