Достапни линкови

Путин во посета на Турција


Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Анкара, 11.12.2017.

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Турција, каде што денеска ќе бидат поставени темелите на нуклеарната централа „Акују“ - првата турска атомска електроцентрала. АЕЦ „Акују“ ќе биде изградена во близина на пристаништето Мерсин, на брегот на Средоземното Море, а ќе ја гради руската државна компанија Росатом. Електроцентралата ќе се состои од четири блока, со моќност по 1.200 мегавати, а целата инвестиција изнесува 22 милијарди долари. Во рамките на посетата, Путин утре ќе учествува и на тристраната средба за Сирија, на која ќе учествуваат и претседателите на Турција и Иран Реџеп Таип Ердоган и Хасан Рохани. Тие во Анкара ќе разговараат за регионалниот развој и за безбедносната ситуација во Сирија.

XS
SM
MD
LG