Достапни линкови

Словенечкиот премиер Церар во посета на Македонија


Словенечкиот премиер Миро Церар

Словенечкиот премиер Миро Церар денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Официјалната церемонија за пречек на словенечката делегација, ќе се одржи денеска на платото пред Владата во 16 часот, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Церар, како и билатерален состанок на македонската и словенечката владина делегација. По средбите двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција. Церар и Заев утре ќе ја отворат и ќе имаат свои обраќања на Бизнис конференцијата во просториите на Стопанската комора на Македонија. Словенечкиот премиер ќе има средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

XS
SM
MD
LG