Достапни линкови

Нетанјаху ја суспендира спогодбата за депортација на африкански бегалци


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави синоќа дека ја суспендирал примената на спогодбата со Обединетите нации, објавена неколку часови претходно, а врз основа на која африкански мигранти кои бараат азил во Израел би биле депортирани во западните земји, наместо во Африка. „Решив да ја суспендирам примената на оваа спогодба и да размислам за условите“, напиша Нетанјаху на „Фејсбук“, наведувајќи дека е чувствителен на критиките во врска со овој документ. Претходно тој објави дека била потпишана спогодба и оти Канада, Германија и Италија се меѓу земјите кои ќе примат баратели на азил. Врз основа на овој документ треба најмалку 16 илјади африкански мигранти да бидат префрлени во западните земји.

XS
SM
MD
LG