Достапни линкови

Харадинај: Нема да дозволам Ердоган да ни се меша


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му порача на претседателот на Турција Реџеп Таип Еродган дека нема да му дозволи да се меша во внатрешните работи на Косово. „Никогаш не сум се мешал во внатрешните работи на Турција. Никого не прашуваме кога ги решаваме работите во нашата куќа, туку правиме како што сакаме. Тоа треба да им биде јасно на сите“, изјави Харадинај. Оваа негова изјава е одговор на критиките што кон него ги упати Ердоган откакао Харадинај ги смени министерот за внатрешни работи Флаг Сефај и директорот на тајната служба Дритон Гашо по акцијата за апсење и протерување на шест лица кои Турција ги обвинува за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој според Анкара стои зад неуспешниот обид за воен удар од јули 2016 година. Ердоган го обвини Харадинај дека „ги штити оние кои се одбидоа да извршат пуч во Турција“. Екстрадицијата на шестмината турски државјани од Косово во Турција предизивка тензии во Косово и несогласување меѓу Харадинај и косовскиот претседател Хашим Тачи. Ердоган јавно го пофали Тачи за „поддршка на апсењето на ѓуленистите“, а го критикуваше Хардинај, за кого оцени дека „кариерата му е завршена“ и ги повика косовските граѓани да протестираат против него.

XS
SM
MD
LG