Достапни линкови

Ново американско антитенковско оружје за Украина


Роб Портман, сенатор

Американскиот сенатор, републиканецот Роб Портман за Радио Слободна Европа изјави дека новото напредното американско оружје ќе и помогне на Украина подобро да се брани од руската агресија во скоро петгодишниот конфликт. Според него, ова оружје наречено „Џевелинс“ исто така би требало да доведе до траен мировен договор, вклучувајќи и исполнување на спогодбата од Минск која има за цел запирање на борбите во кои од 2014 година досега загинаа над 10 илјади луѓе. Спогодбата од Минске договорена меѓу Украина, Русија, Германија и Франција. Испораката на новото оружје е дел од новите мерки на администрацијата на Доналд Трамп за поцврст приод во односите со Русија.

XS
SM
MD
LG