Достапни линкови

Брнабиќ: Политички бесмислено е учеството на Косово на самитот во Софија


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска порача дека учеството на Косово на европскиот самит за Западен Балкан во Софија „како држава е политички нонсенс“, како и дека во зависност од постапките на Приштина околу формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), Белград ќе одлучи дали ќе учествува на самитот.

„Во зависност од тоа ќе решиме околу самитот во Софија на 17 мај. Бугарија е наш голем партнер, а ЕУ е наша стратешка цел. Сакаме добра комуникација и во интерес на државата е да бидеме на тој самит,“ изјави Брнабиќ на прес-конференција во Белград.

Според неа, Косово не може да биде присутно на самитот „како држава, бидејќи тоа не е можно ниту теоретски“. Како што кажа, Европската комисија е статусно неутрална, а Косово не е држава, туку покраина во рамките на Република Србија. Брнабиќ истакна дека тоа го мислат и пет силни и важни држави членки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG