Достапни линкови

Почина Вини Мендела


Јужноафриканската активистка против аперхејдот Вини Мендела почина во 81-та година од својот живот, пренесува Би Би Си. Вини беше сопруга на Нелсон Мендела и заедно беа симбол на борбата против аперхејдот скоро три децении.

Последните години, сепак, нејзината репутација беше доведувана во прашање. Портпаролот на семејството Виктор Дламини изјави дека Вини умрела по долго боледување поради кое често од почетокот на годината била на болничко лекување.

Таа работела како социјален работник кога се запознала со Нелсон. Во брак поминале 38 години, иако скоро три децении за тоа време биле разделени додека Мендела беше во затвор.

XS
SM
MD
LG