Достапни линкови

Трамп бара од Конгресот итно да го усвои Законот за граница


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека Конгресот на САД мора итно да го усвои законот за границата, со цел „да се спречи масовен прилив на дрога и луѓе од Мексико“.

„Сега изгледа како нашата земја да е ограбена“, напиша Трамп на Твитер, порачувајќи дека ако е потребно за усвојување на законот ќе се примени и „нуклеарната опција“.

Терминот „нуклеарна опција“ Трамп еднаш веќе го употреби за именување на постапката за измена на правилата за гласање во Сенатот, со цел да се спречи опструкција на процесот и да се овозможи усвојување на законите со просто мнозинство. Трамп во објавата на Твитер дополни и дека САД мора да изградат ѕид долж нивната граница кон Мексико, обвинувајќи ги демократите дека „не сакаат граници, туку дрога и криминал“.

Конгресот на САД минатиот месец усвои пакет за финансирање на потребите на федералните власти во износ од 1,3 билиони долари, во кој се предвидени 1,6 милијарди долари за обезбедување на границата кон Мексико, но најголемиот дел од средствата се наменети за обнова и поправка на постојната ограда, а не за изградба на нов ѕид.

XS
SM
MD
LG