Достапни линкови

Повеќе од 50 ученички хоспитализирани поради труење во Авганистан


Ученички во едно школо во Авганистан, илустрација

Десетици ученички се отруле во средно училиште во јужната покраина Хелманд во Авганистан. Според локалните власти, 52 ученички биле хоспитализирани поради болки во главата и поради повраќање. Девојчињата сега се наоѓаат во стабилна состојба.

Се уште не се знае која е причината за нивното труење. Полицијата го истражува случајот. Поголемиот дел од покраината Хелмад е под контрола на талибанците кои се против образование на женските деца.

XS
SM
MD
LG