Достапни линкови

Груевски негира вмешаност во насилството во Собранието на 27 април


Никола Груевски

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска изјави дека да имало докази против него за насилствата во Собранието на 27 април, минатата година тој одамна немало да биде тука. Според него, тоа не значи и дека тие што се уапсени за случајот се виновни.

„Да имаше „Д“ од доказ против мене, јас одамна немаше да бидам тука’, рече Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање по рочиштето за случајот „Титаник“, тој порача дека неговиот телохранител го информирал оти дента на 27 април разговарал само со неговата сопруга и со неговиот брат за семејни работи и немало ништо повеќе од тоа.

Груевски го повика обвинителството ако има докази веднаш да ги објави, додавајќи дека членот на неговото обезбедување е брат на Александар Василевски Нинџа, кој е обвинет во случајот. Според него, наводите за настаните од 27 април и случаите што се водат против него во СЈО, се за дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми, како проблемот со името и грешките што го прави власта.

XS
SM
MD
LG