Достапни линкови

Путин во посета на Турција на средба со Ердоган


Рускиот претседател Владимир Путин

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин ќе оствари дводневна посета на Турција каде ќе се сретне со неговиот колега Реџеп Таип Ердоган.

Путин се очекува утре во Анкара да разговара со Ердоган за билатералната соработка меѓу двете земји во трговијата и економијата, како и за спроведувањето на заедничките стратегиски проекти, особено во енергетскиот сектор.Според соопштението, двајцата лидери ќе разговараат и за регионални и меѓународни прашања, вклучително и за борбата против тероризмот и ситуацијата во Сирија.

XS
SM
MD
LG