Достапни линкови

Одложен „Титаник“ по барање на одбраната за увид во доказите


Поранешниот премиер Никола Груевски доаѓа во Кривичниот суд во Скопје на судењето за случајот Титаник

Одбраната на обвинетите во предметот „Титаник“ побараа одложување на денешното и наредните три рочишта со цел да извршат увид во доказниот материјал и да се подготват за главната расправа. Од СЈО соопштија дека се против, бидејќи предлогот на одбраната е со цел да се одолговлечи постапката. Рочиштето потоа беше одложено за 12 април.

Во „Титаник“ обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Груевски го бранат шест адвокати. Тие се осомничени за десетина кривични дела поврзани со изборни нерегуларности. Рочиштето се одржува во новата зграда на Кривичниот суд.

XS
SM
MD
LG