Достапни линкови

Убиени 20 лица во судири на полицијата и демонстрантите во Индија


Припадници на индиската полиција, илустрација

Индиските власти соопштија дека најмалку 20 лица се убиени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Кашмир. Според властите, тројца индиски војници, 13 осомничени милитанти и 4 цивили загинале, а десетина биле повредени.

Според извештаи, полицијата отворила оган откако демонстрантите започнале да фрлаат со камења и да извикуваат пароли против индиските власти. Протестите започнаа како резултат на операцијата на индиските власти против бунтовниците во Кашмир.

XS
SM
MD
LG