Достапни линкови

Кинеската вселенска станица изгоре во атмосферата


Кина соопшти дека нејзината нефункционална вселенска станица влегла во атмосферата на Земјата и изгорела над Јужен Пацифик со што заврши нејзината седумгодишна мисија. Кинеската вселенска агенција соопшти и тоа дека по се изгледа ниту еден дел од станицата нема да падне на Земјата. Претходно Европската всленска агенција соопшти дека станицата најверојатно ќе падне во водите на Пацификот и оти можностите некој да биде погоден од нејзините остатоци се помали од 10 милиони пати од тоа некој да биде погоден од гром.

XS
SM
MD
LG