Достапни линкови

Лавров тврди дека сириската влада контролира 90 % од источна Гута


источна Гута

Сириските и руските сили ги евакуирале повеќето од преостанатите бунтовници од источна Гута и Владата сега контролира 90 насто од завојуваното предградие на Дамаск. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со пратеникот на ОН за Сирија Стафан де Мистура, додавајќи оти се во тек напорите за враќање на нормалниот живот на населението.

По преземањето на контролата врз Алепо, ова е најголема победа за Русија и Сирија, но исто така претставува една од најкрвавите кампањи во седумгодишната граѓанска војна.

Обединетите Нации и групите за човекови права соопштија дека повеќе од 1.600 цивили се убиени, а илјадници други се соочуваат со ужасни услови на глад, бездомништво и недостиг на медицинска нега.

Западните земји се обидоа да наметнат прекин на огнот за да се обидат да ги намалат цивилните жртви и да овозможат испорака на хуманитарна помош, но резолуцијата на Советот за безбедност на ОН донесена на 24 февруари не успеа да заживее.

XS
SM
MD
LG