Достапни линкови

Времето денеска сончево и потопло


Во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура се движи од минус три до четири, а дневната ќе биде од 13 до 21 степен.

Во Скопје сончево со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура до нулата, а дневната температура ќе достигне до 21 степен.

Утре преку ден ќе се задржи сончево и топло време со натпросечни дневни температури, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. За време на викендот ќе дува засилен ветер, утре од јужен, а в недела од западен правец, со брзина од над 70 километри на час. В недела и понеделник дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени, а потоа повторно ќе биде во пораст.

XS
SM
MD
LG