Достапни линкови

Путин е подготвен да се сретне со Трамп


Путин и Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да одржи состанок со американскиот колега Доналд Трамп и покрај протерувањето на 60 руски дипломати од САД како одговор на труењето на поранешниот шпион во Британија, изјави портпаролот на Путин, Дмитри Пешков. Руската страна останува отворена, се разбира, рече Пешков, одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи оти „се зависи од нашите американски колеги“.

Путин и руската страна се подготвени да развиваат заемно корисни и заемно доверливи односи со сите земји, вклучувајќи ги и САД, до степен до кој нашите противници или партнери се подготвени за ова, истакна Пешков.

XS
SM
MD
LG