Достапни линкови

Трамп и Меј најавија „демонтирање“ на руските шпионски мрежи


Меј и Трамп (архивска фотографија)

Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со британската премиерка Тереза Меј за потребата од „демонтирање“ на шпионските мрежи и да се спречат други нелегални активности на Русија во нивните две земји, соопшти Белата Куќа. Двајцата лидери се согласија дека тоа е многу важно, за да се намалат руските илегални активности и да се спречат идни напади со хемиско оружје на териториите на двете држави.

Разговорот доаѓа во период кога реториката меѓу Западот и Русија е заострена, откако САД, Британија и други европски држави протераа руски дипломати поради труењето на поранешен руски шпион во Британија.

XS
SM
MD
LG